ВИДЕО: Спасувачи извлеко бебе од урнатините во Колумбија

Од:

Спасувачките екипи во Колумбија извлекоа живо бебе од урнатините на станбена зграда која се урна по разорниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што во понеделникот ја погоди западната страна на земјата.

Еден од спасувачите раскажал дека се наоѓал на околу еден и пол блок од зградата кога го слушнал нејзиното уривање. Веднаш истрчал кон местото и почнал да повикува дали има преживеани под урнатините.

Од купиштата бетон тогаш се јавил маж, кој рекол дека е заробен со бебе. Неколку луѓе веднаш почнале со раце да ги отстрануваат деловите од урнатините за да стигнат до детето.

Откако успеале да го лоцираат бебето, спасувачите го извлекле и го предале на екипите на итната медицинска помош.

Најмалку 240 загинати, илјадници се водат како исчезнати

Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени ја погоди западна Колумбија во понеделникот наутро. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар, во департманот Чоко, а меѓу најтешко погодените градови се Кали, Переira, Манизалес и Кибдо.

Според последните достапни податоци, најмалку 240 луѓе загинале, додека околу 3.000 лица сè уште се водат како исчезнати.

Спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат урнатините на срушените објекти, а повеќе луѓе биле извлечени живи и повеќе од 24 часа по земјотресот.

Во Кали, спасувачите од 40 срушени згради досега извлекле најмалку 37 преживеани, додека во Переира се потврдени најмалку 66 жртви.

Земјотресот предизвика големи материјални штети и прекини во сообраќајот, а властите прогласија вонредна состојба со цел да се забрза испраќањето помош до најпогодените подрачја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Расте бројот на жртви во земјотресот во Колумбија, спасувачите трагаат по заробени во урнатините

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Прогласена национална катастрофа во Колумбија: Најмалку 80 загинати во силниот земјотрес

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Луѓе заробени под урнатините во Колумбија, во Кали се урнаа најмалку 20 згради

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силен земјотрес од 7,4 степени ја погоди Колумбија, има жртви и повредени

Предраг Петровиќ

Нова безбедносна поддршка од САД за Колумбија вредна милијарда долари

Швајцарија ја победи Колумбија на пенали