(ВИДЕО) По 87 операции, откако сопругот ѝ фрлил киселина на лицето, жена бара евтаназија: „Уморна сум од животот“

Од:

Педесет и осумгодишната Марија Консуело Кордоба од Колумбија, која пред повеќе од две децении била тешко повредена откако сопругот ѝ истурил киселина на лицето, таа повторно бара да ѝ биде овозможена евтаназија.

По 87 хируршки интервенции, долгогодишни здравствени компликации и живот во тешка сиромаштија, таа за медиумите изјавува дека повеќе нема сила да продолжи.

Траорниот настан се случил во 2000 година, кога со тогашниот сопруг се преселила во Богота во потрага по подобар живот. Кога решила да остане и да работи во главниот град, а не да се врати со него, сопругот не можел да ја прифати нејзината одлука.

Марија Консуело Кордоба пред трагичниот настан

Според нејзиното сведоштво, мажот една вечер се појавил пред куќата со сад од алкохолен пијалак во кој, всушност, имало киселина.

„Кога ја отворив вратата, ми ја истури врз лицето. Не знаев дека е киселина“, раскажала Марија Консуело. Напаѓачот избегал, а таа, чувствувајќи дека лицето силно ѝ гори, се обидела да ги ублажи изгорениците со вода.

По нападот била пренесена во болница, а потоа и во специјализиран центар за изгореници. Следувале години поминати по болници и дури 87 операции за санирање на повредите. Таа изгубила едно око, а денес користи пластични цевчиња за полесно да дише и рачно изработена маска со која го заштитува лицето од сонцето и од погледите на околината.

Марија Консуело сега живее во изнајмена соба во населбата Пуенте Аранда во Богота и вели дека е принудена да бара милостина во автобусите и во јавниот превоз за да ги покрие основните трошоци и да стигне до лекарските контроли. И покрај десетиците операции, сè уште ѝ се потребни дополнителни интервенции за реконструкција на лицето.

Во 2017 година, за време на посетата на папата Франциск на Колумбија, таа веќе имала закажано евтаназија. Тогаш успеала да се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква, кој ја замолил да се откаже од намерата.

„Ме праша дали му ветувам дека нема да ја примам инјекцијата. Му ветив“, се присетила таа. Според нејзините зборови, папата ѝ рекол дека Колумбија ќе ѝ помогне да ги добие преостанатите операции. Марија Консуело тогаш ја повлекла одлуката, но денес тврди дека очекуваната помош никогаш не стигнала.

Нејзината здравствена осигурителна компанија „Капитал Салуд“ соопштила дека таа уште пред четири години добила одобрение за евтаназија и дека во моментов не чека нова административна дозвола. Од компанијата нагласиле дека конечната одлука е нејзина и дека станува збор за остварување на правото на достоинствена смрт.

По 26 години лекувања, операции и борба за основна егзистенција, Марија Консуело вели дека стигнала до крајната граница.

„Уморна сум од животот“, порачала таа, повторно отворајќи го тешкото прашање за одговорноста на институциите кон жртвите на родово базирано насилство, чии последици не завршуваат со самиот напад.

Би можело да ве интересира

Колумбија: Најмалку 265 загинати во катастрофалниот земјотрес, прогласена е економска вонредна состојба

ВИДЕО: Спасувачи извлеко бебе од урнатините во Колумбија

ВИДЕО: Расте бројот на жртви во земјотресот во Колумбија, спасувачите трагаат по заробени во урнатините

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Прогласена национална катастрофа во Колумбија: Најмалку 80 загинати во силниот земјотрес

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Луѓе заробени под урнатините во Колумбија, во Кали се урнаа најмалку 20 згради

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силен земјотрес од 7,4 степени ја погоди Колумбија, има жртви и повредени

Предраг Петровиќ