(ВИДЕО) Зеленски го покани Трамп во Украина: „Дојдете да ги видите мртвите деца“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети неговата земја и да биде сведок на трагедијата на актуелната војна пред да се обврзе на каков било наводен мировен договор со Русија.

Свесен за непријатната средба со американскиот лидер во Вашингтон во февруари, Зеленски ја повтори својата почит кон позицијата на САД.

„Но ве молам, пред какви било одлуки, каков било облик на преговори, дојдете и видете ги луѓето, цивилите, борците, болниците, црквите, ранетите или мртвите деца“, изјави Зеленски за американската телевизија Си-Би-Ес.

„Се надевам дека Трамп тогаш ќе разбере со што има работа“, рече тој.

CBS сними интервју со Зеленски за време на посетата на неговиот роден град Криви Рих. Таму, во руски ракетен напад на 4 април загинаа 19 лица, меѓу кои девет деца и тинејџери.

Најмалку 34 лица загинаа вчера во ракетниот напад врз украинскиот град Суми.

Зеленски рече дека, според него, рускиот поглед на војната, која трае повеќе од три години, преовладува во новата американска администрација.

Тој беше особено критичен кон потпретседателот Џеј-Ди Венс, кој го предводеше нападот врз Зеленски за време на посетата на Белата куќа кон крајот на февруари.

„Се обидов да објаснам дека не можете да барате нешто на средина. Има агресор и има жртва“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Зеленски: Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за договор за минерали

А1он

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија