Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“ го одбил неговото барање да именува океан според него.

Говорејќи на предизборен собир во сојузната држава Џорџија, Трамп рече дека им предложил на претставниците на интернет-гигантот, Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“. Според Трамп, челниците на „Гугл“ реагирале со негодување: „Ни прекипе. Доста е. Не правиме ништо повеќе“.

Трамп претходно, со извршна наредба во 2025 година, го преименуваше Мексиканскиот Залив во „Залив на Америка“, а во август оваа година го преименуваше и езерото Онтарио, на границата со Канада, во „Езеро Америка“. „Гугл мапс“ (Google Maps) ги прифати двете промени за корисниците во САД.

Трамп пред поддржувачите во Џорџија кажа дека му испратил на „Гугл“ мапа на која стоело „Океан Трамп“, но претставниците на компанијата ја одбиле идејата.

– Господине, слушајте, ова не можеме да го направиме. Океаните се нешто друго. Океаните опфаќаат многу, многу земји. Не можеме да го направиме тоа, рече Трамп, цитирајќи ги нивните зборови.

Трамп посочи дека овој пат само се шегувал, но додаде дека, сепак, според него, идејата не е лоша.

Трамп во повеќе наврати спомнувал дека би сакал да преименува некој океан по неговото име. Тој, исто така, ја пласираше идејата за преименување на Ормуската Теснина во „Теснина Трамп“, очигледно во обид да го испровоцира Иран, со кој САД се во војна, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит

Трамп се закани поради протекувањето воени тајни: „Треба да бидат стрелани“

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

Републиканците се бунтуваат против Трамп, му испратија писмо

Катерина Ѓуровски