ВРЕДИ: Коцевски е предлог на Груби и на Лога

Од:

Коалицијата ВРЕДИ уште еднаш го реафирмира својот претходен јавно искажан став. Не сакаме ниту еден Албанец да биде виновен за колективната трагедија во Кочани. Не сакаме ниту еден Албанец, без разлика на политичката припадност да биде виновен за човечки жртви, се вели во соопштението од Колаицијата ВРЕДИ.

– Искрено посакуваме сите сегашни и поранешни функционери Албанци да ја докажат својата невиност, во фер, транспарентна правосудна постапка која ќе биде базирана исклучиво на уставните принципи за неселективна правда, презумпција на невиност и еднаквост пред законите.
Како што инсистираме и ќе се спроведе иста постапка за колективните трагедии со модуларната болница во Тетово, Дурмо турс и Беса транс. Правда мора да има за сите, или немаме повеќе државен систем туку анархија заради профит! Што се однесува до напорите на Али Ахмети и Зијадин Села да градат перцепција дека Албанците се жртви на Владата, сакаме да им порачаме дека се прочитани како буквар од прво одделение. Нив воопшто не им е гајле за грижите на Албанскиот народ, туку единствено им е во глава како да предизвикаат политичка криза. ДУИ знае дека на локалните избори ќе доживее катастрофа и затоа заговара нивен бојкот. На ова корумпирано раководство на ДУИ очајно им треба да предизвикаат предвремени парламентарни избори, за да има Пржинска Влада во која министерот за внатрешни ќе биде од редовите на нивниот поголем брат СДСМ. Тој да ги уништи доказите за криминалиите.Нивните лажни солзи за Албанците се најголемото политичко лицемерие. Цело правосудство е полно со кадри од нивно време. Еве уште еден доказ. На 15 јануари 2024, Артан Груби и Кренар Лога, го предлагаат Љупчо Коцевски за Јавен Обвинител. (фото во прилог). Затоа, наместо да се обидуваат да манипулираат со чувствата на Албанците, нека одговорат дали е можно Љупчо Коцевски и Ислам Абази како нивни предлози сега да водат хајка или со политичките памфлети што ги пласираат си шутираат автоголови, се вел во реакцијата од Коалицијата ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

МВР: Обвинителото Коцевски не ја наруши вчерашната акција за апсење на седум полицајци

Горан Наумовски

Не помина иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

Алијанса на Таравари решава за локалните избори

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично

Актуелниот министер за економија не е осомничен зошто во негово време немало барање за лиценца од „Пулс“