(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Од:

Раководителот на американското Министерство за владина ефикасност (DOGE), американскиот бизнисмен Илон Маск објави видео на X во кое укажа на географската близина на САД и Русија.

Маск на социјалната мрежа Х објави видео во кое зборува за географската близина на Русија и забележува дека „не сите Американци знаат дека САД и Русија се всушност многу поблиску“.

Тој објасни дека Русија и САД ги делат само две милји, односно земјите ги дели Беринговиот теснец.

„Не сите Американци знаат дека САД и Русија се всушност многу поблиску – само две милји – тие понекогаш се дури и поврзани“, напиша тој во објавата.

Маск истакна дека ако се погледне внимателно, може да се видат два мали острови кои се наоѓаат на оддалеченост од 3,8 километри, кои ја делат територијата на САД и Руската Федерација. Тој исто така забележува дека понекогаш водата меѓу островите Крузенштерн и Ратман замрзнува и границата може да се помине пеш.

„Оддалечени се само две милји и уште повеќе, понекогаш дури и се поврзани. Земјите ги дели Беринговиот теснец. Но, ако погледнеме внимателно, ќе видиме два мали острови кои се оддалечени 2,4 милји (3,8 километри) и ја делат територијата на САД и Руската Федерација“, се наведува во описот на видеото.

Претходно, таткото на Илон Маск, Ерол, изјави дека Владимир Путин за него станал пример за „силен лидер на кој може да му се верува“.

Би можело да ве интересира

Естонија испрати писмо до ЕУ: „Ги има милион, ќе бидат вооружени, ќе бидат испратени во Европа“

Аферата Епстин добива нов пресврт: Полска ги истражува врските со Москва

Руте: Русија покажува дека нема сериозни намери да постигне мир

Илон Маск прогласи почеток на нова граѓанска војна во САД

Рација во калцелариите на X во Париз, Илон Макс повикан на сослушување

ВИДЕО: Масовна пукотница на парада во Луизијана: Mногу повредени, потрагата е во тек