Патниците кои денеска се нашле на аеродромот во Мелбурн биле затечени кога во аптека на терминалот за домашни летови се појавил еден повреден кенгур.
Одговорните на аеродромот не се сигурни како кенгурот успеал да влезе на терминал, откако претходно, на една крстосница блиску до аеродромот, најверојатно бил удрен од автомобил.
– Повредени му се забите, но не сме сигурни од што. Го однесовме во центар за згрижување животни и таму ќе се погрижат за него – кажале на аеродромот.