Матс Хумелс има договор со Борусија Дортмунд до 2017 година, но по се изгледа дека германскиот репрезентативец ќе го напушти клубот уште ова лето, а најверојатната дестинација е Барселона.
Дефанзивецот веќе добил дозвола од “жолто-црните” да премине во Барселона по крајот на сезоната. На “Камп Ноу” пројавуваат голем интерес за Хумелс, кој се смета за идеален наследник на Карлес Пујол.
Се очекува трансферната сума да биде околу 35 милиони евра, но допрва ќе се водат преговори меѓу двата клуба. “Барса е меѓу тимовите за кои сум заинтересиран”, сподели пред некое време Хумелс.
Според изданието Борусија веќе има подготвена опција за заменик на Хумелс. Тоа е швајцарскиот репрезентативец Фабијан Шер, кој игра во Базел.