Жил бил на својот имот во Драмонд, во источниот дел на Канада кога слушнал чуден звук.
– Не успеав ниту да ја свртам главата, а мечката веќе ми дишеше зад врат. Нејзиното рикање беше ужасно, вели несреќниот човек, додавајќи дека мислел дека ќе умре.
Еден инстиктивен рефлекс му го спаси животот.
– Ја сврте кон мене отворената челуст. Последно на што се сеќавам е дека ја влечев за јазикот со сета сила, раскажа тој во изјавата за „Хафингтон пост“.
– Се превртуваше и неколку пати и си гризна јазикот, рече Жил, додавајќи дека на крајот го ослободил животното кое истрачало во шумата.
Кога мечката исчезна, Жил заминал во болница каде му се преврзани раните на стомакот и колената кои опасниот предатор му ги нанел додека се обидувал да се отргне од неговиот стисок.
– Не беше мој ден, заклучи Жил, или всушност не беше ден на мечката која го нападнала.