Српскиот патријарх Иринеј ги повика Србите да гласаат на локалните избори во Косово

Од:

Српскиот патријарх Иринеј денеска изјави дека косовските Срби треба да гласаат на локалните избори во Косово, што ќе се оддржат на 3 ноември, соопшти белградското радио Б92.

Тој посочи дека ќе биде трагично доколку Србите го бојкотираат гласањето и не успеат да формираат локални управи во регионите каде се мнозинство од населението.

Ако Србите се во позиција да гласаат, нека гласаат за најдобриот меѓу нив, за луѓе со искуство и авторитет, чиј збор ќе значи нешто, изјави патријархот Иринеј.

-Имајќи предвид дека нашиот народ има потреба од единство, учеството на Србите на изборите треба да е ’сите или никој’ , бидејќи само тоа може да се покаже како погодно и корисно, додаде патријархот Иринеј.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија