Највисок степен на безбедност во Вуковар поради кирилица

Од:

Безбедносната ситуација во Вуковар е подигната на највисок степен, откако минатата ноќ беа вратени две двојазични табли на институции на државната самоуправа, тврди загребскиот „Јутарњи лист“.

Кирилични табли се вратени на зградите на државната управа и НЗО. Полицијата, како што се наведува е распоредена покрај зградите, а се очекува во текот на денот да се постави нова табла.

Претседателот на вуковарските бранители, соберени во т.н Штаб за одбрана на хрватски Вуковар, изјави дека ќе преземат активности, но за понатамошните чекори за воведување на кирлица рече дека на време ќе ја извести јавноста.

Портпаролот на бранителите Игор Гавриќ оцени дека е морбидно тоа што таблите се вратени ден пред погребот на 11-те жртви од Домовинската војна во Сотин.

-Ги повикувам граѓаните да видат што прави владата, а тогаш и сами ќе знаат што треба да направат-порача тој.

Вуковарските бранители имено тврдат дека во тој град не живее една третина од српското население, како што покажа пописот на населението од 2011 година.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами