Праисторискиот вид на слонови Платибелдон имал уште една сурла во форма на лажица која служела за сечење на вегетацијата со која се хранеле.
Во почетокот се верувало дека ова биле водени суштества кои долниот дел од вилицата ја користеле за копање низ мочуриштата, но истражувањата го промениле мислењето на научниците.
Платибелдон живеел помеѓу 8 и 20 милиони години на територијата на денешна Африка, Европа, Азија и Северна Америка. Се верува дека како и денешните слонови, користеле сурла за да се хранат со вегетација. Тие биле малку помали од денешните африкански слонови и поради величината немале многу предатори кои ги ловеле.