Танкер кој превезува 1,2 милиони тони нафта се насука во плитките води на реката Дунав и има опасност од истекување на нафтата, соопштија унгарските власти.
Инцидентот со танкерот Патрик се случи на 100 километри јужно од Будимпешта. Танкерот плови под српско знаме.
Во моментот експертите ги анализираат варијантите за безопасно истекување на горивото од оштетениот танкер.