Ново телевизиско шоу на натпреварувачите им нуди шанса да одат во Вселената со компанијата на Ричард Бренсон „Вирџин галактик“, пишува „Телеграф“.
Бенсон се здружи со продуцентот Марк Бурнет за да направат ново риалити шоу каде победниците се наградуваат со патување во Вселената со Вселенскиот брод 2 (SpaceShip Two).
Вселенските туристи го плаќаат патот во орбитата 250.000 долари, а досега 630 луѓе уплатиле депозит или купиле билет.
Програмата на Бренсон е наречена „Вселенска трка“, a ќе се емитува на американскиот ТВ канал NBC.