Маж од Охрид со вперен пиштол му се заканувал на роднина да го вработи и да му препише автомобил

Од:

Полициски службеници го уапсиле А.И. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“.

Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31.3.2025 околу 21 часот А.И. дошол во домот на пријавителот и со пиштол, под закана го држел и физички го нападнал, барајќи од него да му препише во сопственост патничко возило и да добие вработување во фирмата на пријавителот. При тоа, консумирал и бела прашкаста материја.

Откако пријавителот ветил дека ќе ги исполни барањата на А.И., заедно се упатиле кон фирмата на пријавителот, при што тој успеал да побегне и случајот го пријавил во полиција.

А.И. е уапсен, а бил извршен и претрес во стан и други простории кои тој ги користи, при што се пронајдени пиштол, кеси со семки од канабис, остатоци од канабис, една дробилка. предмети со остатоци од бела прашкаста материја и друго. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски

Хорор сцена во Италија: Непознат човек се обиде да киднапира 18-месечно дете, родителите го спречија

Горан Наумовски

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

„Ве молиме вратете ни ја нашата мајка“ – ТВ водителка јавно им се обрати на киднаперите кои побараа милиони долари во криптовалути

Две работи помогнаа да се спаси Кајмакоски: Најверојатно киднаперите биле дезориентирани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавено е видео на кое се гледа како киднаперите на Кајмакоски со него бегаат од полицијата