Flydubai со радикална мерка по нападот на летот за Тел Авив: Ги суспендираат сите летови до Израел

Од:

Авиокомпанијата Flydubai привремено ќе ги суспендира сите летови до и од Израел додека трае истрагата за инцидентот во авионот кој летал кон Тел Авив.

Од компанијата соопштија дека истрагата е во тек и дека суспензијата ќе им овозможи на надлежните органи да ги утврдат сите околности поврзани со инцидентот.

„Целосно сме посветени на поддршката на истрагата и одржувањето на највисоките безбедносни стандарди во нашата мрежа“, соопшти Flydubai.

Од авиокомпанијата додадоа дека соработуваат со израелските и другите надлежни власти, како и со регулаторите и аеродромските власти, а суспензијата ќе биде преиспитана кога ќе бидат достапни повеќе информации.

Инцидентот се случи на лет од Дубаи кон Тел Авив, кога едниот пилот со нож го нападнал копилотот, по што авионот принудно слетал во Саудиска Арабија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека, според информациите со кои располага, целта на пилотот била да го урне авионот во Израел. Пилотот е уапсен и се наоѓа во Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка во Романија – авион заглави под надвозник

А1он

Планирал терористички напад: Копилотот со секира го нападна пилотот за време на лет

(ВИДЕО) Пилотот на Flydubai раскажува: Лежев на подот, со последен напор ја отворив вратата

ВИДЕО: Страшни снимки од авион: Пилот лежи во локва крв, патниците го совладаа напаѓачот

Предраг Петровиќ

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски