Акција во Србија: Уапсени тројца осомничени за киднапирање и малтретирање на пет странци: Барале 30.000 евра откуп

Од:

Српската полиција уапси тројца мажи осомничени дека киднапирале и брутално малтретирале пет странски државјани во Белград, меѓу кои и државјанин на Босна и Херцеговина.

Уапсени се С. П. (30), С. К. (43) и 29-годишниот државјанин на БиХ со иницијали Д. С. Според сомнежите на истрагата, групата на 26 август во улицата „Гаврила Принципа“ во Белград пресретнала тројца државјани на Турција и двајца државјани на Авганистан, по што ги киднапирала.

Жртвите биле внесени во возила и однесени во викендичка на подрачјето на општина Владимирци. Таму, според досегашните сознанија, биле држени против нивна волја и изложени на физичко и психичко малтретирање.

За нивното ослободување, осомничените од семејствата на жртвите побарале откуп од 30.000 евра.

Српската полиција успеала да го лоцира објектот и да изведе акција во која петте киднапирани лица биле ослободени.

При претресот било пронајдено и бело комбе со предмети за кои постои сомнение дека биле користени при извршувањето на кривичното дело. Истрагата продолжува, а тројцата осомничени се соочуваат со кривична постапка за киднапирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Ќерката на шефицата на кабинетот на Белата куќа фотографирана со пушка во Република Српска

Нетанјаху: „Му честитам на мојот голем пријател Милорад Додик“

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Шмит предупредува: „Следната година нè очекуваат обиди на Додик за поделба на БиХ, бараме алатки за реакција“

Обложувалниците ги објавија квотите за премиер на Србија: Вучиќ апсолутен фаворит

Предраг Петровиќ