Путин му испрати на Трамп мистериозен подарок

Од:

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, денеска потврди дека Путин на својот американски колега Доналд Трамп му дал личен подарок, но не откри детали.

Песков, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што Путин му дал на Трамп, рече дека тоа е „апсолутно личен подарок“, пренесе Интерфакс.

Бидејќи подарокот е од лична природа, не би сакале да даваме дополнителни информации, освен ако самиот претседател не смета дека е соодветно да зборува за тоа во одреден момент, нагласи Песков.

Би можело да ве интересира

Трамп: Политичките затвореници во Венецуела имаа среќа што САД се појавија

Трамп издаде извршна наредба за заштита на венецуелската нафта

Трамп разгледува опции против Иран, иранскиот режим уби најмалку 538 луѓе за две недели

Трамп: Предлагам кубанските власти да постигнат договор пред да биде предоцна

Хамнеи: Ако Трамп е толку способен, нека ја води својата земја

Горан Наумовски

Пахлави: Трамп е подготвен да им помогне на демонстрантите во Иран