Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во Москва, каде што дојде да го посети рускиот претседател Владимир Путин, дека Украина веројатно нема да се согласи на привремен прекин на огнот.

Украина веќе се согласи на прекин на огнот во преговорите со САД, но Лукашенко очигледно се сомнева во искреноста на нивните намери.

– Кога има прекин на огнот, сè оди тивко и нема движење. Украинците веројатно нема да се согласат на тоа, им рече Лукашенко на новинарите.

Се очекува напладне и рускиот претседател Владимир Путин да им се обрати на новинарите и да го коментира предложениот прекин на огнот.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во Москва дека САД немаат план, мислејќи на прекинот на огнот предложен од Вашингтон.

„Можам со апсолутна сигурност да кажам дека Американците немаат план за конфликтот во Украина. Апсолутно не“, рече тој. „Тоа што го прават… тестираат. Што сака оваа страна? Што сака другата страна? Ќе разговараме за тоа денеска. Владимир Владимирович ќе ми каже“, додаде Лукашенко.

Во вторникот во саудискиот град Џеда се одржаа разговори меѓу американската и украинската делегација. По средбата, двете страни издадоа заедничка изјава во која се вели дека Украина е подготвена да прифати 30-дневен прекин на огнот предложен од САД.

Би можело да ве интересира

Лавров: Украина ќе плати висока цена за нападите врз руските цивилни цели

Горан Наумовски

Русија со нов удар врз украинската логистика: Погодени камиони и цистерни

Две лица загинаа, a седум се ранети во најновиот напад на Киев

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Руските сили погодија фабрика за тутун во британска сопственост

A1on

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on