Хуманитарната мисија во Олешки е успешно завршена – сите страни го испочитуваа договореното

Од:

Кирило Буданов денеска изјави дека хуманитарната мисија во Олешки, во регионот Херсон е успешно завршена и дека сите страни се придржувале до договорите и професионално си ја завршиле работата.

„Евакуираните жители на Олешки се безбедни. Хуманитарната мисија е успешно завршена“, напиша Буданов на Фејсбук, пренесува „Укринформ“.

Тој истакна дека зад овие официјални зборови стојат човечки судбини, години на болка и чекање, наведувајќи дека најстарото спасено лице има 94 години, додека најмалото дете има само една година.

„Солзи, прегратки и конечно првите моменти на мир, без постојан страв за животот“, напиша Буданов.

Тој нагласи дека оваа „мисија без преседан“ била можна благодарение на координацијата и личното ангажирање на првата дама на САД, Меланија Трамп.

Буданов му се заблагодари на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговата политичка поддршка за спасувањето на украинските граѓани, како и на омбудсманот Дмитриј Лубинец за неговата работа, упорност и координација на активностите на терен.

„За време на целата операција бевме во постојан контакт. Сите страни ги испочитуваа договорите и професионално си ја завршија работата“, рече Буданов.

Тој додаде дека многу детали ќе останат надвор од јавноста, но дека работата ќе продолжи, со цел хуманитарните специјални операции да прераснат во системски решенија.

Жителите на Олешки, во регионот Херсон, беа евакуирани како дел од хуманитарна акција договорена меѓу Киев и Москва, со посредство на САД.

На оние што сакаа да го напуштат градот им беше овозможено да патуваат со автобус, некои заминаа за Русија, а други за Украина.

Жителите што останаа во населбата добија храна, хигиенски средства, гориво за генератори, лекови и други неопходни материјали.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Сибиха: Средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања

Меркурис: Зеленски сака замрзнување на конфликтот, а не преговори

Ушаков: Путин му ја гарантира безбедноста на Зеленски доколку дојде во Москва

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски