Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск реагира на променетата безбедносна ситуација во Европа и најавува задолжителна воена обука за сите возрасни мажи во Полска. Оваа одлука доаѓа како дел од пошироката стратегија за зајакнување на националната одбрана.

Полска во моментов издвојува повеќе средства за одбрана од која било друга земја членка на ЕУ и НАТО. Целта е проширување на армијата и зголемување на вклученоста на населението во одбранбените сили, а главната причина е војната во Украина и потенцијалната закана од Русија.

Според новите мерки, секој возрасен маж во Полска ќе помине задолжителна воена обука. Премиерот Доналд Туск во говорот пред парламентот во Варшава рече:

„Ќе се обидеме да имаме подготвен модел до крајот на годината за секој возрасен маж во Полска да биде обучен за воени услови“.

Со овој чекор Полска сака да создаде воена резерва која ќе може да одговори на потенцијалните безбедносни закани.

Како дел од своите нови одбранбени стратегии, Полска планира да се повлече од Конвенцијата од Отава, која забранува производство, употреба и пренос на противпешадиски мини. Финска размислува за слични мерки за заштита на границите со Русија.

Иако нема да биде воведен задолжителен воен рок, Доналд Туск најави дека и на жените ќе им биде дозволено да учествуваат во воена обука, но дека таа ќе остане претежно наменета за мажи.

Би можело да ве интересира

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

Туск: ЕУ не е создадена за да измами некого

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји