Муцунски: Невистинити се обвинувањата на Кузеска, има 24 часа да се извини, во спротивно ќе поведам постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот

Од:

На денешната прес-конференција на СДСМ беа изнесени целосно невистинити информации поврзани со мене како министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и со институцијата со која раководам, реагира министерот Муцунски на обвинувањата од СДСМ.

– Станува збор за лажни тврдења, кои не соодветствуваат со фактичката состојба. Проектот за кровната конструкција е тековно одржување на објектот на Министерството, со единствена цел превенција од натамошни оштетувања и поплавување – проблем што настана како резултат на несоодветното одржување на зградата во изминатите години, кога институцијата беше под раководство на ДУИ и СДСМ. Постапката за јавна набавка е спроведена целосно законски, транспарентно и во согласност со сите важечки правни процедури.

Дополнително, манипулативен и тенденциозен обид за политичка дискредитација претставува моето лично поврзување со одлуките на други правни субјекти, вклучително и органи на локалната самоуправа, што е неоснована и злонамерна конструкција.

Во таа насока, ја повикувам Богданка Кузеска и СДСМ во рок од 24 часа јавно да се извинат за ширењето лажни информации и грубо манипулирање со јавноста. Доколку тоа не се случи, ќе бидам принуден да преземам соодветни правни чекори, вклучително и граѓанска постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот.

Како министер, останувам цврсто посветен на принципите на транспарентност, отчетност и законитост. Работењето на институциите мора да биде засновано на факти и докази, а граѓаните имаат право на вистински и проверени информации“, стои во фејсбук објавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО