Скандалозен договор со контроверзна албанска фирма – Таравари го продаде паркингот на клинички, обвинува Левица

Од:

Министерот за здравство, Арбен Таравари, де факто го приватизира јавниот паркинг, лобирајќи албанска компанија да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје преку јавно-приватно партнерство во траење од 20 години! Со ова, Таравари стана епитет на политичка корупција, кој одработува за контроверзна фирма од странство, велат од Левица.

– Со ваквиот енормно штетен договор со фирмата „Ѓока Констракшн“, целиот приход ќе оди за компанијата, додека за државата ќе остане само 1%. Левица открива дека оваа компанија е поврзана со крупни скандали во Албанија, каде се спомнува и политичка корупција. Градежната компанија „Ѓока Констракшн“ била инволвирана во скандал поврзан со изградба на тунели, кои се урнале поради работа со неквалитетни материјали. Дополнително, оваа албанска компанија се спомнува и дека била дел од лобирање кај политичари од Албанија!

Скандалозно е што државата нема 10 милиони евра да инвестира во паркинг на Клинички центар, додека власта се задолжува со 500 милиони евра за предизборен поткуп на локалните избори.

Левица го предвиде ова сценарио и претходно поднесе амандман кон Буџетот за 2025 година со кој ќе се финансираше изградба на јавен паркинг, но, амандманот беше одбиен од ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ – партии кои очигледно имаат за цел да го уништат јавното здравство и да ги наполнат џебовите на своите бизнис партнери.

Левица јавно го прашува министерот Таравари: колку провизија добил од контроверзната албанска компанија за пациентите да плаќаат повисоки цени за паркинг, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?