Путин би зборувал со Зеленски „ако е неопходно“, Русија нема да се противи Украина да влезе во ЕУ

Од:

Кремљ соопшти дека Владимир Путин е подготвен да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски „ако е неопходно“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите: „Самиот Путин рече дека ќе биде подготвен да преговара со Зеленски доколку е потребно.

„Но, потребна е дискусија за правната основа на договорите со оглед на реалноста дека легитимноста на Зеленски може да биде доведена во прашање“, додаде тој.

Иако во оваа фаза не можеше да даде оценка за преговорите, Песков рече дека денешните разговори би можеле да донесат „повеќе јасност“ во врска со евентуалната средба лице в лице меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.

„Путин постојано кажува дека е подготвен да зборува за мир“, рече тој, инсистирајќи дека Русија сака да ги постигне своите цели, но претпочита да го стори тоа „мирно“.

На прашањето дали Украина може да влезе во Европската унија, Песков одговори: „Тоа е суверено право на секоја земја, ние нема да диктираме“.

Би можело да ве интересира

Путин: Зеленски продолжува да го глуми Рамбо

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Путин го одби Зеленски

ВИДЕО: Трамп тврди дека на Украина и го дал најразорното оружје во светот

Германија го повикува Путин на преговори

ВИДЕО: Конгресот повторно му пркоси на Трамп, гласаше за нови сакнции за Русија и помош за Украина

Катерина Ѓуровски