(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од падот на американскиот борбен авион: Удира во вода, па експлозија

Од:

Американски борбен авион E/A-18G Growler вчера се урна во заливот Сан Диего, а видеото кое се појави ја прикажува оваа застрашувачка сцена.

Авионот се урна во средата наутро околу 10:17 часот. Кога удри во водата, огромен столб од чад и вода експлодира во воздухот.

„Авионот удри во водата и дојде до експлозија. Многу црн чад се крена во воздухот, а леталото едноставно исчезна во водата. За 15 секунди немаше ништо“, изјави еден од сведоците за CBS.

Двајцата пилоти се катапултираа и набрзо беа евакуирани од бродот „Премиер спортфишинг“, кој потоа ги префрли во блискиот брод за царинска и гранична заштита, изјави портпаролот на крајбрежната стража, офицерот Кристофер Сапе.

Би можело да ве интересира

Невремето на источниот брег на САД слабее, околу 300.000 потрошувачи и натаму без струја

Нова закана од Техеран: Иранската гарда вети одмазда за загинатите морнари

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“

Русија испрати „чудовиште“: Дронот „Изделие К5“ првпат снимен на фронтот

(ВИДЕО) Невремето им го расипа празникот на Американците: Речиси милион луѓе без струја за Денот на благодарноста, авионскиот сообраќај во колапс

1.200 летови откажани во САД за Денот на благодарноста поради лошо време