Маск: Ројтерс доби милиони од Пентагон за „општествена измама од големи размери“

Од:

Елон Маск, милијардер и шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE), објави денеска на X дека американската влада платила милиони долари на новинската агенција Ројтерс за програма наречена „општествена измама од големи размери“.

Тоа е всушност проект кој е лансиран за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп и кој се однесува на компанија која работи одвоено од новинската агенција.

Американската влада всушност ја ангажираше компанијата Thomson Reuters Special Services (TRSS), која соработува со владите и разузнавачките агенции на проекти поврзани со анализа на податоци, сајбер безбедност, проценка на ризик, обука и слично.

TRSS е во сопственост на корпорацијата Томсон Ројтерс. Истата корпорација ја поседува и новинската агенција Ројтерс.

“Ројтерс беше платен со милиони долари од американската влада за “општествена измама од големи размери”. Тоа буквално го кажува на формуларот за нарачка! Тие се целосна измама. Едноставно леле”, напиша Маск.

Оваа објава дојде веднаш откако Ројтерс објави дека кратењата на владините трошоци спроведени од DOGE на Маск главно се засноваат на идеологија, а не на штедење.

Би можело да ве интересира

Продажбата на Tesla во ЕУ падна за 45%

Маск најави намалување на својата улога во администрацијата на Трамп

Горан Наумовски

Масовни протести на Американците против Трамп

Маск и понуди милиони долари на инфлуенсерката Сент Клер за да го прикрие раѓањето на нивниот син

Горан Наумовски

Маск: Советникот за трговија Питер Наваро е морон

А1он

Маск наводно побарал од Трамп да ги укине царините

Катерина Ѓуровски