Путин: Илон Маск е вистински гениј!

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали Илон Маск, изјавувајќи пред студенти дека тој е пионер кој може да се спореди со легендарниот советски ракетен инженер Сергеј Корољов.

Овие коментари доаѓаат во време кога Русија и Соединетите Држави воспоставуваат поблиски односи за време на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, во која милијардерот и основач на „Спејс-икс“, Маск, е клучна фигура.

„Знаете, постои еден човек – тој живее во САД – Маск, кој, може да се каже, е целосно обземен од идејата за Марс“, им рече Путин на студентите за време на посетата на Московскиот државен технички универзитет „Бауман“, кој е специјализиран за наука и инженерство.

„Тоа се луѓе какви што ретко се среќаваат меѓу луѓето – луѓе кои се целосно посветени на одредена идеја. Илон Маск е гениј, вистински гениј“, нагласи Путин“ рече рускиот претседател.

„Иако денес тоа можеби изгледа неверојатно, таквите идеи често се остваруваат по одредено време. Исто како што, во свое време, се остварија идеите на Корољов и на нашите пионери“, додаде Путин.

Корољов се смета за татко на советската вселенска програма; тој го развил првиот сателит, „Спутник“, како и леталото „Восток 1“, со кое во 1961 година во орбитата полета првиот космонаут, Јуриј Гагарин.

Маск, најбогатиот човек во светот и еден од највлијателните советници на Трамп, е на чело на „Спејс-икс“ – американска компанија која лансира ракети за НАСА и ја поседува сателитската интернет-мрежа „Старлинк“.

Маск честопати упатува критики кон Украина, која во моментов се соочува со руска офанзива што трае веќе три години.

Минатиот месец, милијардерот го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека сака „вечна војна“, а во февруари изјави дека Киев отишол „предалеку“ во конфликтот.

Би можело да ве интересира

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

„Путин не е светски лидер, туку воен злосторник“

А1он

Путин: Ќе одговориме на нападите врз рафинериите

А1он

Маск: „Време е Зеленски да си оди“

А1он

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска