Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да отпатува во Москва ако сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, повтори шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Тој истакна дека Путин постојано изјавувал дека, и покрај целата историја од последните шест години откако Зеленски дојде на власт, тој останува подготвен да се сретне со него.

„Тој тоа го рече откако Зеленски повика на директна средба. А претседателот Путин одговори дека ако Зеленски сака да се сретне, треба да дојде во Москва; ние ќе ја обезбедиме неговата безбедност“, рече Лавров на прес-конференција по првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во Атланта.

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, претходно изјави дека Зеленски е подготвен да се сретне со Путин и директно да разговара за територијалните прашања како дел од напорите за завршување на војната, но дека состанокот не може да се одржи во Москва.

Во интервју за финскиот весник „Хелсингин Саномат“, Сибиха рече дека местото на состанокот не е од клучно значење за Киев, под услов да не е Москва или Белорусија, со шеговита забелешка дека и Северна Кореја може да биде исклучена.

Тој ја оцени поканата на Русија до Зеленски да дојде во Москва како „несериозна“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Во Турција ќе се одржат важни преговори за ставање крај на војната со Русија

А1он

Путин: Илон Маск е вистински гениј!

А1он

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он

Зеленски ги потврди преговорите со Русите и најави два клучни услови

А1он

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

„Путин не е светски лидер, туку воен злосторник“

А1он