Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ѝ го врачи Орденот на принцезата Олга од трет степен на украинската пејачка и поранешна манекенка на списанието „Плејбој“ – Дарија Астафјева, во Киево-печерската лавра, објави Унијата на православни новинари на Украина.
View this post on Instagram
Церемонијата се одржа во црквата посветена на светите Антониј и Теодосиј Печерски.
Астафјева беше одликувана за „високо професионално ниво“ и „придонес кон развојот на националната култура“.
Игуманијата Серафима (Шевчик), настојателка на манастирот „Архангел Михаил“ во Одеса, изрази жалење што Киево-печерската лавра била искористена за одржување на ваква церемонија.
„Во Киево-печерската лавра, еротската актерка и ѕвезда на ’Плејбој‘, Дарија Астафјева, доби орден. Директорот на резерватот ѝ честиташе. Па, ете, така изгледа Лаврата денес“, пренесува нејзините зборови Здружението на православни новинари.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно ги обвини украинските власти дека ја претвораат Киево-печерската лавра од место за молитва во простор за политички активности.
Таа, исто така, потсети на дискусиите во Украина околу плановите за формирање национален пантеон на територијата на манастирот.
