Лавров: Путин и Трамп имаа нормален разговор

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека е изненаден што светот вчерашниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп го смета за „невообичаен“.

Лавров рече дека разговорот, во кој Трамп и Путин разговарале за завршување на војната во Украина, бил „нормален, елементарен разговор меѓу двајца образовани и учтиви луѓе“.

„Бев изненаден од фактот дека целиот свет сега е во еден вид ступор и смета дека телефонскиот разговор што се одржа и извештајот за овој телефонски разговор се нешто необично“, рече Лавров по разговорот со таџикистанскиот министер за надворешни работи Сироџидин Мухридин, пренесува РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ОАЕ се нудат да бидат домаќини на разговори за ставање крај на војната во Украина

Зеленски: Путин не сака крај на војната

Сериозна закана од Трамп: Заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или ги чека „пекол“

Пристигна одговорот на Зеленски на договорот Трамп-Путин

Горан Наумовски

Што вели Украина на планот на Трамп за преговори

Катерина Ѓуровски

Трамп и Путин ќе се сретнат во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски