Левица поднесе Закон за кривична одговорност на судиите

Од:

Левица поднесе предлог-закон за дополнување на Кривичниот законик, со којшто се предлага воведување на кривична одговорност на судиите.

„Предлагаме по членот 353 в, да се додаде нов член и наслов 353 г, кој гласи ‘Кршење на законот од страна на судии’. Кривичното законодавство на Република Македонија, како континуитет на СФР Југославија, со цел спречување на корупцијата и незаконското работење во судството, се до 1996 година го криминализираше незаконското работење на судиите во судовите. Од 1996 година, до денес, декриминализацијата ја доведува во прашање гарантираната заштита на граѓаните при остварувањето на своите права.

Предолго никој не поднесува одговорност за тоа што граѓаните го мислат, а јавноста го артикулира и носи погубни резултати. Не може ние да имаме доверба во судството од 2%, а сите три нивоа на власт ништо да не прават во однос на тоа. Овој закон не е против судството, туку против корупцијата во судството. Правниот систем, како и политиката се гнили од корупција. Политиката и судиите во спрега имаат создадено систем кој создава апсолутна несигурност, егзеистенцијална и правна за нашите граѓани.

Со овој предлог закон сметаме дека ќе има позитивни последици. Повеќе нема да има пресуди нарачани од бизнис и политички структури. Граѓаните ќе добијат правна сигурност. Секој што ќе биде оштетен од незаконска пресуда, ќе знае дека судијата што го оштетил ќе одговара. Пред се, ќе покажеме дека никој не е над законот., рече пратеникот на Левица Амар Мециновиќ образлагајќи го предлогот на прес конференција во Собранието.

Би можело да ве интересира

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Предраг Петровиќ

Левица: Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици

A1on

Левица: Двапати ја прогласиле водата во Гостивар за безбедна, никој од здравствениот синџир не е разрешен

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен