(ВИДЕО) Павловска: Барокен ГТЦ е криминален чин

Од:

Утрово надлежните од Градски трговски центар забранија да се закачи постерот „Го сакам ГТЦ“, пред прес конференцијата на организаторите на протестите против барокен ГТЦ.

Чуварот од Трговски замоли да се тргне постерот, иако му беше кажано дека тој ќе биде закачен само 10-тина минути, сепак, организаторите беа принудени да го симнат постерот.

Даница Павловска, поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитектите, информираше дека акцијата „Го сакам ГТЦ“ продолжува во четврток. Таа вели дека има многу недоследности како што е податокот дека во важечкиот урбанистички план ГТЦ е бесправен објект.

-Дејствуваме на три нивоа: правниот, од аспект на толкување на имотно правните односи во самиот објект, кои налагаат разговори со самите сопственици на имот во ГТЦ и каде има одредени правни отстапувања. Потоа она што значи урбанистичкиот аспект, а тоа е документацијата на ниво на одобрување во општинските органи, каде што следим што се случува со деталните урбанистички планови и еден единствен урбанистички план за Мал ринг. И она што е поврзано со емотивниот однос кон целиот проблем – тоа е заштитарскиот аспект. ГТЦ е градителско културно наследство, значајно не само за Македонија туку и пошироко и од него учат многу генерации.Би сакале неминовно да се одреди режим на заштита на ГТЦ. Длабоко веруваме дека нема да дојде до нагрдување на ГТЦ, тоа е криминален чин, вели Павловска.

„Го сакам ГТЦ“ продолжува на 3. октомври, во 19, 30 часот со настап на Ана Христова и ди џеј. Над ГТЦ ќе бидат пуштени стотици испишани балони, а граѓаните ќе се освежат со донирани безалкохолни пијалоци.

Организаторите на протестите ќе им овозможат на граѓаните самите да се обратат до оние што одлучуваат за судбината на ГТЦ со писма да ги изразат своите ставови мислења и сугестии. Тие писма ќе бидат објавени на интернет, но ќе им бидат врачени на рака на адресираните. Сликарката Пандора Апостолоска Саздовска ќе направи своја инсталација

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски најави средба со организаторите на протесето против барокен ГТЦ, тој вели дека и натаму ќе доаѓа на протестите и понатаму ќе ги поддржува.

– Ставот на општината е јасен во однос на барокните фасади. Општина Центар ќе направи се за да го спречи ова, вели Жерновски.

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ