Израелските власти објавија нови фотографии од трите заложнички кои пристигнаа во Израел откако ја напуштија Газа и се сретнаа со нивните семејства.
Владата ги објави првите фотографии на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари по нивната прва средба со нивните мајки по враќањето од Газа.
Трите мајки ги чекаа своите ќерки во специјалниот објект на ИДФ, поставен во близина на границата со Газа. Емили, Роми и Дорон потоа беа пренесени со хеликоптер во болница за евалуација и можен третман. Од она што може да се види, заложничката Емили Дамари има дел од раката врзана со газа, а постои сомневање дека изгубила два прста при нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.
За ослободувањето на заложничкките се огласи и семејството на Дороне Штајнбрехер.
„После неподносливите 471 ден, нашата сакана Додо конечно се врати во наши раце. Би сакале да ја изразиме нашата искрена благодарност до сите што не поддржаа и не придружуваа на ова патување“, се вели во соопштението.
Тие му се заблагодарија и на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
„Посебна благодарност до народот на Израел за нивната топла прегратка, непоколебливата поддршка и силата што ни ја дадоа во нашите најтемни моменти. Исто така, изразуваме благодарност до претседателот Трамп за неговиот значаен ангажман и поддршка, што значеше толку многу за нас“, рекоа тие.