Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Од:

Додека Доналд Трамп се враќа во Белата куќа, неговиот зет Џаред Кушнер се одлучи за прекуокеански бизнис потфат што ќе го носи неговото име: Трамп.

Имено, Афинити Партнерс, инвестициската компанија која Кушнер ја основа по напуштањето на Белата куќа и милијардерот од Обединетите Арапски Емирати Мохамед Алабар ќе градат луксузен хотел и станбен комплекс во српската престолнина Белград, на местото на Министерството за одбрана на поранешна Југославија, пишува Блумберг.

Според американската агенција, Трамп размислувал за сличен план уште во 2016 година пред да се кандидира за претседател на САД.

Според Кушнер, името на хотелот било утврдено кога таткото на неговата сопруга беше избран за претседател во ноември.

Би можело да ве интересира

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски

Масовни протести на Американците против Трамп

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната