Хоспитализиран Бил Клинтон

Од:

Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон бил хоспитализиран синоќа во Вашингтон откако добил висока температурата и грозница.

Клинтон, кој е на возраст од 78 години, „е примен во МедСтар Универзитетската болница Џорџтаун каде се вршат тестирања и се набљудува неговата состојба“ изјави Анхел Урена, заменик-шеф на кабинетот на Клинтон, пренесе „Ен-Би-Си“. -Тој е во добро расположение и благодарен за грижата што ја добива, додаде Урена.

Извор близок на Клинтон изјавил дека ситуацијата „не е итна.“

-Поранешниот претседател ќе биде добро. Доби треска и сакаше да биде проверен. Тој е буден и свесен, наведува изворот.

Клинтон имаше повеќе здравствени проблеми откако ја напушти функцијата пред речиси 25 години.

Во 2004 година му беше извршена операција за бајпас на четири коронарни артерии и повторно беше примен болница во 2010 година за друга процедура на срцето, кога му беа вградени два стента во коронарна артерија.

Во 2021 година тој беше хоспитализиран шест дена во Калифорнија поради уролошка инфекција која се проширила во неговата крв.

Клинтон активно учествуваше во кампањата на Камала Харис. Тој е еден од ретките демократските политичари кој уште од 1976 година редовно говори на секоја Демократска национална конвенција

Би можело да ве интересира

Бил Клинтон ја напушти болницата со дијагноза на грип

Горан Наумовски

25 години од големиот скандал, Моника Левински изгледа подобро и привлекува внимание

Бил Клинтон има корона

Бил Клинтон отпуштен од болница

Ана Ололовска

Клинтон денеска ќе биде пуштен од болница

Ана Ололовска

Бил Клинтон примен во болница заради инфекција на крвта

Катерина Ѓуровски