Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Од:

Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието и на штета на воспитно – образовниот процес! Законот за средно образование кој го предложивме во Собранието и предвидуваше повеќе нови права и можности за наставниците, стручните соработници, учениците и родителите, вклучително и изборна можност за интонирање на македонската химна во училиштата, ќе почека некоја недела за усвојување. Во меѓувреме ќе ја подобриме неговата содржина, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Во објава на Фејсбук, Јаневска појаснува дека законот е повлечен од дневен ред за да не дозволи ДУИ да го закочи усвојувањето на целата нова правна регулатива во образованието, на која со бројни општествени чинители е работено во изминатите неколку месеци.

– Користејќи националистички реторики, обвинуваат за создавање наводно некаква си меѓуетничка нерамноправност. Убаво ќе беше да си ја сакаат татковината, државата каде се образуваат, работат и земаат плата и да изразат почит кон нејзините симболи. Но, гледаме нешто друго…Заради остварување на партиски цели и програми, спремни се да го спречат развојот, јакнењето на основниот столб на државата – образованието. Со вакви потези несвесно, тие го уназадуваат и воспитно – образовниот процес на сите деца, независно на која етничка заедница припаѓаат. Но, очигледно тоа и не е така важно, пишува Јаневска во објавата.

Нагласува дека како министерка ќе продолжи да се залага за јакнење на меѓуетничките односи особено меѓу младите и дека за следната година се предвидуваат повеќе средства за училишни активности кои ќе ги зближуваат младите од различните етнички генерации.

– На пратениците од ДУИ сакам да им порачам дека Владата ќе продолжи да ги спроведува промените кои народот ги побара, тоа е сигурно. Но, им порачувам и конечно да почнат си ја почитуваат државата, да покажат волја за соживот, за соработка, разбирање и единство. По не знам кој пат ќе повторам, живееме во една заедничка држава, сите треба да ја чувствуваме како своја и заедно да се грижиме за нејзиниот развој, вели министерката Јаневска.

Владата го повлече од собраниска процедура Предлог законot за средното образование, второ читање. Ова го соопшти претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Иванка Василевска на денешната седница, на која присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска. Пратениците на Европскиот фронт изразија задоволство од одлуката на Владата и побараа еден час пауза за координација.

-Владата со допис од 20 декември го повлекува Предлог-законот за средно образование, во второ читање, информираше Василевска пред усвојувањето на дневниот ред на комисиското заседание.

Илире Даути и Арбана Пашоли од коалицијата на Европскиот фронт изразија задоволство од повлекувањето на Законот, посочувајќи дека не се согласувале со неколку ставови во овој закон, особено со член 54 со кој се предвидуваше интонирање на државната химна, за што одлучува основачот, на прослава на денот на средното училиште (патронат), на почетокот и на крајот на наставната година и завршувањето на средното образование.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

(ВИДЕО) Апасиев алармира: Под превезот „работно ангажирање” се легализира експлоатацијата

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата