Петрушевски: Клиниката за очни болести оштетена за 3.9 милиони од раководството од СДС и ДУИ

Од:

ДЗР констатирал нерегуларности во финансиското работење и на Клиниката за очни болести во време на СДС и ДУИ.Според ревизијата на ДЗР на Клиниката за 2022 година, по основ на неуплатена партиципација за лекување буџетот на истата е оштетен за 3.9 милиони денари, рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– 3.9 милиони денари се пари кои требале да легнат на сметката на Клиниката за очни болести по основ на партиципација за лекување.По детален увид во документацијата на Клиниката од ДЗР се констатирало дека за 2.4 милиони денари со задоцнување се доставени потврди за ослободување од партиципација, но за истите не е доставена поткрепувачка документација. Раководството на СДС и ДУИ на Клиниката за очни болести работело надвор од законските процедури, оштетувајќи ја Клиниката. Ако знаеме дека за период од една година, за која е правена Ревизијата буџетот на Клиниката е оштетен за 3.9 милиони денари, тогаш што е направено за седум години колку што СДС и ДУИ раководеле со истата. Го повикуваме ЈО да го земе Извештајот од Ревизијата на ДЗР за Клиниката за очни болести и да отвори постапки. Одговорност мора да има, вели Петрушевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе пријава за новинарот Бранко Героски

Продолжува војната СДСМ-Деспотовски: Хајка на квислингот

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи