Британскиот војник Лен Менинг, од Сафолк, како тинејџер минал три месеци криејќи се во француско кафуле откако неговиот авион „Ланкастер“ бил соборен во еден од нападите во јули 1944 година.
По 69 години, ветеранот на Британското кралско воздухопловство е одликуван со медал за храброст, бидејќи кафулето во тоа време било омилено место за собирање на германските гестапо војници.
– Минав три месеци во кафуле и хотел во Басвеј, криејќи се од Германците кои често доаѓаа на кафе или остануваа во хотелот. Луѓето често ми кажуваат како мојата случка потсетува на популарната серија „Ало, ало“, изјави Лен.
Неговата 57. екстрадила, со седиште во Источен Киркбај во Линколншир, имала клучна улога во бомбардирањето на стратешки германски мети. Лен, тогаш 19-годишник, имал среќа да го преживее падот на неговиот „Ланкастер“ во северниот дел на Франција, во јули 1944 година.