ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Од:

Демократската унија за интеграција два дена по ред го разоткрива најголемиот корупциски скандал на омилената српско-бугарска коцкарска компанија на Изет МегаВин Меџити. Откривме дека коцкарскиот монопол во државата под контрола на српско-бугарската приватна компанија го финансирала новиот директор на лотаријата Климовски со над 140.000 евра, додека тие за себе заработиле над 100 милиони евра на сметка на државата и граѓаните, вели Крешник Бектеши.

– Власта во брзање да го врати и обезбеди монополот на српско-бугарското казино по налог на српскиот сопственик, во Собранието одобри автентично толкување кое на површина го извади целиот криминал на спонзорите на Изет МегаВин Меџити. Замислете го абсурдот, пратениците побараа толкување на членот 7 од законот за игри на среќа, а Владата одговори со толкување на членот 165 како преодна одредба од истиот закон. И покрај одлуките на Уставниот суд бр. 87 од 2011 година и бр. 156 од 2019 година како и во бројните претходни мислења на Министерството за финансии и Владата како и во стручното мислење, моноетничката Влада и собранието арбитрарно одлучија дека никој, ниту една компанија, немала право да организира онлајн коцкање од 1 јануари 2017 година. Ова автентично мислење од 13 август 2024 година, обзнани дека омиленото српско-бугарско казино на Изет МегаВин Меџити целосно нелегално организирала онлајн коцкање преку нивната интернет платформа 2win.mk од 1 јануари 2017 година, кога владата била предводена од ВМРО ДПМНЕ, се до 2024 година, оштетувајќи ја државата за десетици милиони евра, вели Бектеши.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“