Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Од:

Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Северна Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен.

Лидерот на ГЕРБ Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент, истакна дека Бугарија и Северна Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување, и никој не може да отстапи од него.

Борисов смета дек Софија треба да остане и мирна и трпелива, да не изгледа агресивна бидејќи како што наведе „вината е кај колегите во Скопје“.

Посочи дека „секој што ќе го прекрши добриот тон, а Бугарија тоа не го направи, ќе ги трпи последиците“.

– Сè што направивме во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија, беше многу добро слушнато. Така функционираат европските институции. Не се закануваат, не навредуваат, а резултатот е Албанија оди напред. Таа го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги од Северна Македонија треба да ги понесат последиците од нивното досегашно однесување, рече Борисов во пресрет на разгледувањето на декларацијата за Северна Македонија поднесена од крајнодесничарската партија „Преродба“. Борисов вели дека ќе се обиде да ги убеди колегите во Комисијата за надворешна политика да не се однесуваат емотивно, туку да прагматично и разумно.

И лидерот на ПП-ДБ Кирил Петков, вели дека Скопје треба да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во својот устав или да го запре патот кон ЕУ.

– Времето покажа дека договорот што го направивме во времето на нашата влада – францускиот предлог – се покажа многу добар за Бугарија. Реално, целата Европска унија застана на страната на Бугарија. Република Северна Македонија мора да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во нејзиниот устав или нејзиниот пат кон Европа е затворен. Многу се надевам дека ќе се преиспитаат, бидејќи она што се случи во моментов е дека Албанија се одделува од нив и побрзо ќе го продолжи патот кон ЕУ, изјави Петков.

Одвојувањето на Албанија и Северна Макеоднија на патотот кон ЕУ, го поздрави првиот човек на „Преродба“ Костадин Костадинов. Тоа според него се случи откако „Тирана го признала бугарското малцинство и му ги гарантирала сите уставни права“.

– Отсега, Република Северна Македонија има два пата – или ќе го признае присуството на Бугарите како државотворен елемент на својата земја и ќе ги вклучи во Уставот или ќе остане надвор од преговарачкиот процес, рече Костадинов.

Во врска со Договорот за добрососедство, Костадинов смета дека откако Скопје одби да го почитува, и Софија веќе не треба да се држи до обврските што прозилегуваат од него.

Би можело да ве интересира

Револт во Охрид: Фактурите од ЗАМП ги налутија приватните издавачи на апартмани, се отворија сериозни правни дилеми

Предраг Петровиќ

Слуцки: ЕУ ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Украина со оружје

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче