Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Од:

Кога велиме ограбена држава, мислиме на десетици и стотици милиони евра кои од владата на СДС и ДУИ завршиле кај ним блиски фирми и лица, наместо во проекти од општо добро и значење.Нашите тврдења, сега се поткрепрни и од Државниот ревизор, со ревизијата завршена во мај 2023 година, која точно посочува како се трошеле стотици милиони евра народни пари рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Извештајот се констатира дека преку Владината потпрограма Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, исплатени се средства во износ од над 6 милијарди денари без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства. Тоа се цели 100 милиони евра. За да може да разбереме колкава штета е направена, ќе нотираме дека изградбата на нов Клинички центар во Скопје со оставен проект во 2017 година ќе чинеше 120 милиони евра. Значи владата на СДС и ДУИ за една година на сомнителен начин поделила пари колку за еден нов Клинички центар во Скопје. Се разбира никој не знае како се поделени истите, ниту што е ефектот. Кога се прашуваме зошто власта на СДС и ДУИ за 7 години не направи нов Клинички центар, а иако имаа готов проект, еве го одговорот. Наодите на ревизија се уште пострашни во продолжение, имено тие велат дека при поделбата на овие 100 милиони евра, 33% од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. Што во буквален превод значи, владата воопшто нема претстава каде завршиле цели 33 милиони евра од 100 милиони кои ги делела без јасно утврдени критериуми, вели Митева.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира