Десет најглупави клишеа на секоја сапуница

Од:

Веќе 30 години имаме можност на малите екрани да уживаме или да не уживаме во сапуниците, серии од драмски тип на чии епизоди не им се гледа крајот. За да се одржи темата жива, а истовремено да се развлече на неброено многу епизоди, сценаристите мораат да имаат голема фантазија и да бидат инвентивни. Но, постојат некои формули според кои работат сите, од Мексико до Турција. Ова се само некои од нив.

Мрачна тајна

Речиси секој лик во сапуница, вклучувајќи ги и најголемите позитивци, имаат некоја мрачна тајна. Најчесто се работи за нешто што или на тој лик или на некој друг може да го уништи животот, а се разоткрива во моменти кога на сцена има најмногу луѓе – на свадби, погреби, божиќна или новогодишна прослава или во болница пред целото семејство.

Времето на траење на дејствието

Времето во сапуниците тече целосно поинаку од времето во реалноста и исто така целосно е поинакво и влијае на луѓето и на нивниот живот. На пример, ликовите во сапуниците никогаш не одат во тоалет и никогаш не перат облека. Исто така, ако случајно завршат во затвор, заробени или ако се изгубат во дивина, можат да преживеат седум и повеќе епизоди без вода (зависно од буџетот на сапуницата).

Место на дејствието

Местото во кое се одвива сапуницата, без оглед на тоа дали се работи за голем град или мало место, секогаш има само еден угостителски објект кој го посетуваат сите ликови. Таму ќе одат дури и тогаш кога се наоѓаат со љубовницата или љубовникот и кога никој не смее да ги види.

Домашните помошнички

Тоа е посебна категорија во сите сапуници. Домашните помошнички ги знаат апсолутно сите семејни тајни, ако случајно се случи некој да зборува за некоја тајна која не ја знаат, а случајно зад отворена врата ќе слушнат за што се работи, од изненадување се им паѓа од рацете, најчесто некој порцелански сервис кој во семејството е со Х генерации. Секако, тој ист сервис ќе се појави повторно во идната епизода.

Главната јунакиња

Главниот женски лик речиси во секоја сапуница неизмерно е позитивна и добра и во животот не направила ништо што би било вредно за морална осуда. Секако, таа е од понизок општествен сталеж, сиромашна и се што стекнала, го стекнала благодарение на крвава работа и мака. Многу често има некое истакнато физичко обележје или дефект кој до крајот на серијалот чудесно или со операција ќе исчезне, но наспроти тоа, таа е најубава од сите женски ликови.

Злобните свекрви

Мајката на главниот јунак во секој случај ја мрази жената во главна улога. Тоа секако е затоа што таа потекнува од понизок сталеж и поради тоа не е доволно добра за нејзиниот син. Затоа попрво ќе ја поддржи главната негативка, која исто така кружи околу нејзиниот син, но таа е дотерана и богата. Многу често злобната свекрва на крајот на сапуницата се претвара во покајничка, кога веќе нема пречки во љубовта меѓу нејзиниот син и сиротата добра жена, па тогаш искрено се извинува и моли за прошка.

Главната негативка

Таа е змија од најлош вид и ја има во сите сапуници, од Мексико до Турција. Освен што низ сите епизоди прави интриги на толку инвентивни начини што понекогаш треба да се симне капа на сценаристот, од каде само добива такви идеи, многу често останува бремена со некој спореден лик, љубовник. Е сега, за да не излезе на видело нејзината измама, секогаш наоѓа начин и го измамува својот партнер дека детето всушност е негово. Во друга верзија, бременоста ја користи како средство за освојување или за задржување на главниот јунак покрај себе.

Главниот јунак

Главниот јунак на сапуницата секогаш е богат, од богато семејство и живее во вила. Ако има нешто злобно во себе, тогаш покрај вилата или палатата ќе поседува и луксузен стан за самци, во кој ќе се наоѓа со љубовницата, најчесто главната негативка. Ако е добра, тогаш својата сакана ќе ја излаже само мртов пијан или дрогиран, изигран од некоја змија. Во секој случај, во некоја епизода ќе ја измами својата сакана, а потоа ќе сфати колку погрешил. Тогаш низ едно 10 епизоди ќе и се обраќа неа или на небото (зависно од тоа кој го слуша), како кон единствена сакана или судбоносна љубов.

Губење на помнењето

Ова е посебно посакуван мотив за заплет во сапуница. Барем еден од главните ликови во текот на серијата ќе го изгуби помнењето, во сообраќајка или во некоја друга несреќа, со даска по глава или испил отров и по некое чудо преживеал. Но, како и да е, помнењето најдобро ќе му го освежи средбата со љубовта на неговиот живот и иако на ништо конкретно нема да се сети, ќе ја почувствува единствената поврзаност. Таа поврзаност во некои случаи ќе биде лажна, но тоа е веќе друга приказна…

Решавање на проблеми во болница

Освен приватните куќи и канцеларии, омилен простор и место на дејствието во сапуниците е болница – или некој работи во болница или некој ќе заврши во болница. Приказната станува интересна кога на подрачјето на болницата се решаваат сериозни семејни проблеми или кога на виделина ќе излезат мрачните тајни, но сапуниците сакаат уште еден мотив поврзан за болница. Кој и да заврши во болнички кревет, секогаш ќе се најде негативец со кој ги нема решено сите сметки. Тогаш негативецот ќе дојде во болницата и ќе се обиде да го задуши сиротиот пациент со перница, а притоа никој од персоналот нема да забележи ништо необично.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ