Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Од:

Финска и Шведска не воведоа никакви конкретни ограничувања за употребата на оружјето од страна на Украина за извршување напади на руска територија, но оружјето мора да се користи во согласност со меѓународното право, изјавија финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен и нејзината шведска колешка Марија Малмер Стенергард на настан во Хелсинки, пренесува Yle.

Валтонен истакна дека единственото ограничување е тоа што оружјето мора да се користи во согласност со меѓународното право.

Стенергард истакна дека употребата на оружје не е ограничена на територијата на Украина и дека оружјето може да се користи за удари на територијата на Русија.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални