Почина Будимир Лончар, поранешен дипломат. Почина на 101-годишна возраст.
Како што јавува Антена Задар, тој починал денеска во родниот Прек. Лончар бил пронајден мртов во Јадранско Море, по што очевидците веднаш повикале брза помош и полиција.
Порталот пишува дека моментално се истражуваат околностите на настанот и дека Лончар и на 101-годишна возраст се уште бил многу витален. Тој на 1 април годинава го прослави 100-от роденден и пензионерските денови претпочиташе да ги помине во родниот Прек, каде што почина.
Лончар на пошироката јавност и е познат како поранешен хрватски и југословенски дипломат, а јавноста го памети и како последен министер за надворешни работи на СФРЈ и специјален пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за Движењето на неврзаните. Лончар бил советник и на двајца хрватски претседатели.
Бил и член на партизанското движење.
Веста за неговата смрт ја потврди и историчарот Твртко Јаковина, кој на Фејсбук се прости од Лончар.