Уапсен американски дипломат во Истанбул

Од:

Турската полиција уапси во Истанбул американски дипломат од Либан, кој е обвинет дека продал лажен пасош на сириски државјанин за 10.000 долари.

Во соопштението на полицијата во Истанбул се наведува дека осомничениот, дипломат од американскиот конзулат во Бејрут, е уапсен поради инцидентот што се случи на 11 ноември на аеродромот во Истанбул, кога сириски државјанин се обидел да искористи туѓ пасош за патување.

На снимката од безбедносните камери се гледа дека двајцата осомничени се сретнале на аеродромот, се пресоблекувале и дека американскиот дипломат на Сириецот му го дал споменатиот пасош.

Кај дипломатот бил пронајден плик од 10.000 долари, како и друг пасош на негово име.

Сирискиот државјанин се соочува со обвинение за фалсификување, но е ослободен во очекување на судењето, додека на американски дипломат му е одреден притвор.

Странските дипломати обично имаат имунитет од кривично гонење, но се предмет на кривично гонење и казнување во земјите каде што не се акредитирани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Морето ги проби крајбрежните бариери во Измир, ветрот носеше покриви на куќи во Истанбул

Србија прогласи хрватски дипломат за персона нон грата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Турција е уапсен Хрват, шеф на меѓународен наркокартел

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

Израел ги повлече своите дипломати од Турција поради безбедносни причини

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Истанбул собир за поддршка на Хамас

Катерина Ѓуровски