Руската радио станица Глас на Русија објави дека на Европа и се заканува зима на векот.
Германскиот експерт Доминик Јунг вели дека е можно да бидеме соочени со најстудена зима во последните сто години.
Јунг истакнува дека пред се јануари и февруари ќе бидат со многу ниски температури, и можно е затоплување дури од април идната година.
Како причина за таа прогноза тој ги наведува арктичките струи кои допираат до Европа како и ниската активност на Сонцето.