СДСМ: Добро е што конечно се одржа средба меѓу Мицкоски и Арсовска, граѓаните конечно на едно место можеа да ги видат оние кои го уништија Скопје

Од:

Добро е што конечно се одржа средба меѓу Мицкоски и Арсовска, граѓаните конечно на едно место можеа да ги видат оние кои го уништија Скопје.

Се надеваме дека на оваа средба се разговарало и за поделбата на медот за конечно да престанат меѓусебно да се блокираат и да го уништуваат Скопје.

Арсовска, Мицкоски и Перински треба да излезат заедно на прес конференција и да кажат што планираат да прават во однос на проблемите со ѓубрето, автобусите и целиот хаос во кој тоне градот, наместо да пуштаат празни соопштенија и да ги фрустрираат скопјани.

СДСМ со години предупредува дека пропаднатите зделки и бизнис интереси се единствената причина зошто и Мицкоски и Арсовска се скараа.

Тие сега имаа можност конечно да ги надминат недоразбирањата и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори да барем малку ја поправат состојбата.

Но, очигледно според она што го објави Владата, не успеале ни сега да се договорат за своите интереси па скопјани повторно ќе бидат жртви, наведуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!