Можен е напад на Израел во следните 24 часа

Од:

Иран и неговите полномошници на Блискиот Исток би можеле да извршат напад врз Израел во следните 24 часа, изјавија за Фокс њуз неименувани извори од регионот на Блискиот Исток.

„Официјални лица (на Блискиот Исток) веруваат дека е достигнат нултиот час“, известува дописникот на Фокс њуз.

Иран се закани со голем напад врз Израел како одмазда за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије во Техеран минатиот месец, иако Тел Авив ниту негираше, ниту презеде одговорност, објави „Тајмс оф Израел“.

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија претходно денеска издадоа заедничка изјава во која повикаа на продолжување на преговорите за прекин на огнот во Газа, нагласувајќи дека не може да има повеќе одложувања, пренесе Би-Би-Си.

Палестинското милитантно движење Хамас претходно соопшти дека секое продолжување на разговорите треба да се заснова на претходни планови, а не на нова рунда преговори, одговарајќи на повикот на меѓународните посредници да се одржи состанок на завојуваните страни на 15 август.

Посредниците од Катар, Египет и САД ги поканија Израел и Хамас на нов состанок минатата недела, а израелската страна рече дека ќе испрати свој тим преговарачи.

Британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повторија повикот на медијаторот за продолжување на преговорите.

„Работевме со сите актери за да спречиме ескалација и нема да штедиме напори за намалување на тензиите и изнаоѓање пат кон стабилност“, се вели во заедничката изјава.

Хамас одговори на притисокот на медијаторот со тоа што повика на план заснован на „визијата“ на американскиот претседател Џозеф Бајден од мај, со кој начелно се согласува преговорите да продолжат од таму каде што застанаа, наместо на некоја нова иницијатива.

„Посредниците треба да му го наметнат ова на окупаторскиот Израел и да не бараат нови предлози и преговори кои ќе ѝ дадат покритие на окупаторската агресија и повеќе време за продолжување на геноцидот врз нашиот народ“, се вели во соопштението на Хамас.

Извори за Би-Би-Си изјавија дека спорните точки се воведувањето нови израелски услови кои бараат да се проверат раселените Палестинци по враќањето во северна Газа, како и прашањето за контрола на таканаречениот коридор Филаделфија, кој претставува тампон зона на границата со Египет.

Би можело да ве интересира

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Ројтерс: Мосад поставил експлозиви во пејџерите на Хезболах

Горан Наумовски

Четворица израелски војници загинаа во Газа