Зоолошка градина во Велика Британија им забрани на посетителите да доаѓаат во облека со животински принтови, како зебра или леопард, за да не ги „збунуваат животните“.
– Воведовме забрана за животински принтови бидејќи тоа ги збунува нашите животни, соопшти Зоолошката градина „Свет на авантурите“ во Чесингтон, во близина на Лондон.
Надлежните на паркот објаснија дека животните биле многу „срдечни“ кога ќе се сретнеле со посетители кои на себе имале облека со принт сличен на нивното крзно.
– Кога принтот е на некој предатор, тогаш се плашат и почнуваат да бегаат, велат претставници на зоолошката градина.