Армијата ангажира дополнителни сили за гасењето на пожарите

Од:

Врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите, претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во напорите за гасење на пожарите, соопшти Генералштабот на Армијата.

-Од страна на Генералштабот е издадена наредба за ставање во состојба на подготвеност и ангажман на дополнителни 200 армиски припадници од составот на Командата за операции и Командата за обука и доктрини, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300. Заедно со досегашните 100 припадници, кои се ангажирани од почетокот на прогласување на кризната состојба, дополнителните сили ќе извршуваат активности на локации каде ќе има потреба и кои ќе им бидат доделени од страна на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции, се наведува во соопштението.

Ангажираните сили и ресурси координирано работат заедно со другите инволвирани субјекти, што се покажува како суштински во борбата за ставање на пожарите под контрола.

-Во досегашниот период Армијата дејствува со 100 припадници и два армиски хеликоптера МИ-8/17, кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи и со исфрлени повеќе од 150 тони вода и активен ангажман на терен го даваат својот придонес во локализирање на пожарите. Воедно припадниците од воздухопловниот ВИНГ координираат со налетите на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора, информираат од Генералштабот на Армијата.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски